fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Менде Стомнароски во изјава за Зелена берза-Сојузот е десна рака на Иницијативниот одбор

Ниту се кријам, ниту пак одбивам да дадам изјава за медиумите за вчерашната средба со премиерот Заев, туку со Иницијативниот одбор се сложиме сношти јас да не давам изјави, туку нивни претставник, земјоделец, вака одговори Менде Стомнароски по обидот на  „Зелена берза“ да го чуе неговиот став за вчерашната средба со премиерот  Заев и тутунарите за решавање на проблемот со откупот на тутунот.

Ниту се кријам, ниту пак одбивам да дадам изјава за медиумите за вчерашната средба со премиерот Заев, туку со Иницијативниот одбор се сложиме сношти јас да не давам изјави, туку нивни претставник, земјоделец, вака одговори Менде Стомнароски по обидот на  „Зелена берза“ да го чуе неговиот став за вчерашната средба со премиерот  Заев и тутунарите за решавање на проблемот со откупот на тутунот.

-Не се кријам, далеку од тоа, туку со Иницијативниот одбор се сложивме вчера јас да не давам изјава, категоричен е Стомнароски.

Што се однесува до вчерашната средба и договорот со премиерот Заев, Стомнароски вели дека било побарано да се откупи целиот тутун за што гаранција дал премиерот.

-Официјално ви кажувам, премиерот Заев гарантираше дека ќе се откупи целиот тутун, зборуваме за тоа дека сите што имаат договори имаат и вишок на тутун. Заврнало па произвеле повеќе.  Вишокот на тутун после 15 јануари, ние преку поверениците треба да пратиме информација  колку производители, колку тутун имаат и уште колку картони им требаат. Премиерот кажа дека ќе најде начин сите компании да поделат картони и дека тоа ќе биде решено.  Премиерот уште вети дека просечната цена нема да биде помала од 180 денари , туку ќе биде од 180 до 190 до крајот откупот, тој гарантира. Ако биде помалку тој ќе го реши тоа, цената да не биде помала од 180 за килограм. Е сега дали Владата ќе дава средства, тука не сакам да коментирам, вели Стомнароски.

Според него Сојузот на тутунарски здруженија донел одлука да го поддржи Иницијативниот одбор, при тоа вели дека во целата ситуација Сојузот е десна рака на Иницијативниот одбор на тутунари на Фејсбук групата „Македонски тутунари“.

-Ние како Сојуз и јас лично како претседател донесовме одлука да ги поддржиме тутунарите од ИО и им дадовме овластување за да можат да одат по пунктови, станува збор за 13 тутунари од ИО. Ние сме нивна десна рака и ги поддржуваме сите нивни барања. Од наша страна кажано им беше дека сите трошоци за до Скопје и по терен што одат ќе им бидат подмирени, за горивото и патарини. Ние стоиме зад нив и ќе ги исплаќаме за се што имаат потреби. Тие не побараа хонорари. Не бегаме од нив, не се криеме, заедно сме, вели Стомнароски.

Тој очекува после 15 јануари дека ќе  има  реална слика колку од родот е откупен и кои чекори ќе се преземат за понатаму.

Анета Блажевска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close