fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Менсур Абази-На живината се гледа со љубов, а не преку призмата на парите

Кучиња скитници направиле масакр во кокошарникот на Абази.

Уште како дете по стапките на неговиот татко, Менсур Абази од Тетово се занимава со живина. Има разни сорти кокошки, гулаби, патки. Тој практично и живее со нив. Во текот на целиот ден е со живината која кога се минусни температури ги чува во старата куќа, веднаш до неговиот дом.

Абази живее на само еден километар од Тетово. Стариот објект, домот на кокошките како што вели и куќата каде живее со неговото семејство е на почетокот од неговиот двор кој е на површина од 2 декари. Практично Абази поседува парцела од милионски суми, но ниту планирал или размислувал да ја пренамени за станбени или деловни бизнис објекти, туку едноставно таа површина сака и понатаму да биде рај за неговата живина.

-Јас едвај крпам крај со крај, но тоа не ми е проблем. Преживувам од оваа живина.Ќе продадам некое јајце, некоја кокошока и така. Без нив не би можел, не можам да се откажам од нив. Се грижам за нив исто како и за моите деца. Купив  инкубатори и се што е потребно за нивно размножување. Ова место каде што се кокошките вреди милиони, но не сакам да го пренаменам или продадам, затоа што тоа е нивниот дом, вели Абази.

Тој вели дека во летен период живината ја носи во долниот дел на градот покрај река Пена, каде што поседува нива.Таму живината има уште поголем простор од 10 декари. Но на зима пак ги враќа дома, мислејќи дека е посигурно се додека зимава кучиња скитници не му влегоа во дворот и масакрираа педесетина италијански сорти на кокошки, за кои како што вели вложил многу труд за нивно создавање.

-Од кај соседот преку ѕидот влегоа можеби 6 кучиња скитници и ми ги задавија кокошките. За да ја добијам таа италијанска црна сорта на кокошка работев  неколку години. Ги парев и размножував преку исто така посебни сорти. Видете во сопствен двор ми влегоа бездомните животни и се ми уништија за неколку секунди. Се работи за сорти на кокошки кои изнесуваат и до 30 евра за една кокошка, вели Абази.

Тој вели дека не се откажува од оваа италијанска сорта на кокошки. Планира да купи повторно некои посебни сорти за да ја добие италијанската сорта на кокошка, за која има добиено диплома на Меѓународна изложба за украсна живина.

-Треба да помине време, но ми треба и финансиска помош од некого за да ги купам тие сорти што сакам да ги парам. Затоа упатувам апел до општината финансиски да ми помогне, затоа што кучињата скитници ми ги нападнаа кокошките, а овие бездомни животни треба да ги згрижи општината, а не слободно да шетаа и напаѓаат, вели Абази.

Додека разговаравме кај Абази дојде човек кој затропа на неговата врата, да побара јајца од некоја посебна сорта на кокошка, јајцата како што вели му помагаат за прочистување на белите дробови, проблем кој сега е најприсутен поради пандемијата која највеќе ја напаѓа плуќата. Менсур истакна дека пари за лекот не зема. Најважно е да се помага и да се живее во хармонија со луѓето и животните, а се друго ќе си дојде на свое место.  

Зоран Димовски за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close