Собраниските седници одложени на неодредено време
Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера попладне го потпиша решението за неодредено одложување на 36. седница што требаше да се одржи денеска, а на која освен овие закони имаше и други 27 точки.
Во Собранието нема да се гласа за законите поврзани со петтиот пакет антикризни мерки за Ковид-19 се додека владејачките партии не соберат мнозинство, односно 61 пратеник. Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера попладне го потпиша решението за неодредено одложување на 36. седница што требаше да се одржи денеска, а на која освен овие закони имаше и други 27 точки. Владата синоќа упати апел до пратениците кои ја блокираат работата на Собранието да се повлечат од тој деструктивен начин на дејствување.
Собранискиот претседател Џафери вчера на прес-конференција го образложи својот потег, обвинувајќи ја опозицијата дека ја злоупотребува здравствената состојба на пратениците, во услови на Ковид-19, и оти пред него се поставуваат ултимативни предлози што не може да ги прифати. Владејачкото мнозинство брои 62 пратеници, а до вчера двајца беа позитивни на Ковид-19, а едниот хоспитализиран.
Проблемот настанал, според претседателот на Собранието, откако вчера координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ побарал на седницата да се разгледуваат само продолжувањето на кризната состојба и трите точки поврзани со мерките за Ковид-19, а не и другите 26. Практично, опозицијата побарала посебна седница само за тие четири точки.
Меѓу точките на дневен ред на оваа седница се закони од петиот сет мерки за справување со Ковид-19: Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците февруари и март 2021 година, Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година, како и Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на личен доход, сите по скратена постапка. Како прва точка на седницата е предложено и продолжување на кризната состојба на јужната и северната граница, за што околу 400 амандмани имаат поднесено опозициските Алијанса на Албанците и Алтернатива, нешто што досега, како што потенцира Џафери, не се случило. На дневен ред на 36. пленарна седница се и интерпелации поднесени од опозоцијата, Предлог законот за поништување на законот за попис на ВМРО-ДПМНЕ и други.https://nezavisen.mk/merkite-od-pettiot-paket-kje-pochekaat-poradi-zaboleni-od-kovid-19-sobraniskite-sednici-odlozheni-na-neodredeno-vreme/