Систем капка по капка за производство на ориз

(Oвој напис е објавен на: February 26, 2017)

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков во Кочани го пушти во употреба системот капка по капка за производство на ориз.

sistem kapka po kapka za prozvodstvo na oriz

 

Станува збор за Проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси, во чии рамки ќе биде означен почетокот на новата иницијатива за рурален развој „Одржливо производство на ориз“, преку која оваа година експериментално е обезбеден систем за наводнување капка по капка за производство на ориз во Кочани.

Проектот на УСАИД е кофинансиран од Швајцарската амбасада во Македонија, а настанот е организиран во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Општина Кочани, Институтот за ориз во Кочани и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.