fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Месната индустрија бара продолжување на мерката за увоз на суровина уште шест месеци

-Не бараме помош, ниту субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување во државата.

Уште шест месеци да продолжи мерката која предвидува нула отсто царина  за 50 проценти од искористените увезени количини свинско месо во претходната година, бараат преработувачите и предупредуваат дека ако тоа не се случи, сувомесните производи ќе поскапат за најмалку 15 – 20 отсто, но можно е да дојде и до затворање на капацитетите или до нивно селење во соседството со што, по 500 семејства во еден регион ќе останат без работа.

Како што информираа на прес-конференција, барањето за продолжување на безцаринскиот увоз на суровина, денеска ќе биде и официјално доставено до Владата.

-Не бараме помош, ниту субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување во државата. Готови производи влегуваат во земјава со нула отсто царина, а ние при увоз на суровина за да ги произведеме истите тие готови производи плаќаме 20 – 30 отсо царина. Проблемите ќе бидат се понагласени со реализација на Отворен Балкан, така што ќе дојде или до затворање на капацитетите или до нивно селење во соседството, рече претседателот на Групацијата за преработка на месо и производи од месо, Гоце Трајчев.

Тој порача дека Групацијата бара ослободување од царинските давачки по примерот на другите индустрии во земјава кои исто така користат суровини за преработка.

-Владата да го растовари стопанството од политика и да не носи мерки кои се штетни за него и кои влијаат негативно врз Буџетот. Ако сака да интервенира, тогаш нјека интервенира кај социјално ранливите категории преку ваучери за купување домашни прооизоди или плаќање комунални такси, а не преку ноќ да менува законски одредби и даночни основи или да замрзнува цени, порача Трајчев.

Според Васко Ристовски од Стопанската комора, до надлежните навреме било доставено барање за безцарински увоз, но „неофицијалните сигнали се дека нема расположение за продолжување на мерката“.

-Мерката се продолжува веќе четири години, секои шест месеци. Сега немаме никаков одѕив и затоа апелираме мерката да продолжи. Од тоа ќе зависи и дали преработките ќе поскапат за најмалку 15 -20 отсто по 5 – 6 јуни. Тоа не можеме да се спречи и на тој начин, домашните производи ќе бидат поскапи од увезените, укажа Ристовски.

Осврнувајќи се на останатите предизвици со кои се соочува домашната месна индустрија, Ристовски информира дека од Нова година досега цените на суровините значително пораснаа. Пченицата од 400 евра за тон сега е 1 200 евра, а пченката од 300 евра, сега е 800 евра за тон. Дополнително, рече, поскапени се и енергенсите.

-Уште пред четири години Владата помогна со интервентна мерка за ослободување 50 отсто од царината на потрошената увезена суровина. Во овие исклучително тешки услови, најмалку што може да направи сега, е да ја продолжи оваа мерка за уште шест месеци ако сакаме месната индустрија да опстане, напомена Ристовски.

Замрзнувањето на цените, а потоа и на маржите, дополнително ги оптовари компаниите. Исто така, поголемиот дел од нив поради кризата и „затворањето“ на Европа, речиси не ги реализираа склучените договори за набавка на суровина. Се појави и „свинска чума“, па се побара месната индустријата да излезе во пресрет – се што беше свиња да се заколе и да се преработи, а пред Велигден и да се откупи вишокот на свинско месо.

Ристовски соопшти и дека во периодот на КОВИД-от потрошувачката на месни преработки била зголемена особено кога беа дадени ваучери, а се намалил и увозот на свежото свинско месо од 12 600 на 11 500 тони. Со почетокот на кризата, пак, тенденцијата одеше во обратна насока – благо намалување на домашното производство и раст на увозот на свежо свинско месо и преработки.

Претседателот на Групацијата за преработка на месо и производи од месо, Гоце Трајчев оцени дека таа тенденција годинава ќе биде уште поизразена, а една или две компании веќе ги затвориле своите погони.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close