вестиТоп вести

Претпладне сончево, попладне локален дожд

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 29 степени.

До сабота во попладнедневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во позначнителен пораст.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close