fbpx
Вести

МЕТЕО: Последниот ден од 2015та!

Во овој последен четврток за 2015-та, воедно и последен ден од актуелната година во текот на утринските часови не` очекува претежно ведро во северната половина од земјата, и умерена облачност во јужниот регион. Претежно ведро ќе биде во текот на денот. Ветерот ќе биде слаб, претежно северен.

Утрово е студено, со минимална температура низ котлините во границите од -4°С до -6°С.

meteo posledniot den od 2015

 

Дневните максимуми на температурата ќе бидат ниски. Очекуваме максимална само околу 2°С во котлините во западниот и северниот дел од земјата, а на југоисток околу 5°С. Повисоките места остануваат под 0°С.

Новогодишната ноќ подобро е да ја поминете во добро друштво некаде на топло или пак да бидете навистина добро облечени.

Во ноќта кон 1-ви јануари 2016, се очекува разведрување од делумната облачност. Заладувањето од денес ќе биде во полн замав, така што температурата ќе биде насекаде под 0°С во текот на новогодишната ноќ.

Очекуваните вредности на темпратурата низ поголемите населени места од полноќ, па се до раните утрински часови во петок се во границите од -5°С до -10°С.

meteo29.12.2014--625x351

Првиот снег во новата година се очекува в недела, на 3-ти јануари.

Редакцијата на ЗЕЛЕНА БЕРЗА Ви посакува стабилна и СРЕЌНА НОВА 2016!

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close