Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (локално над 25 l/m2) и грмежи
Поради спуштање на постудена воздушна маса во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег.
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, (локално над 25l/m2) . Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на циклонска активност од денес до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес и во четврток (над 25л/м2 за 24часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени.





