Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!-Денес на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи
Утрово најсвежо од градовите е во Битола со температура од 14°C. Најмногу воден талог е измерен во Демир Капија 38 l/m².
Денес во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
Претпладне умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. UV=6
Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.