Мицкоски вели по откупот на јаболката во фокус ќе бидат тутунарите
Преку консолидирање на приходите се обезбедени се милијарда и триста милиони денари за субвенции за земјоделците
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека оваа година издвјувале добрата цена за лозарите и дека после откупот на јаболката кој се одвива моментално фокус ќе бидат тутунарите.
„Ќе ве потсетам дека имавме исклучително добра цена за лозарите, за тие коишто се занимаваат со лозарството, исто така поддршка за одгледувачите на сливи, имавме вонредни мерки за производителите на јачмен и пченица, со јаболкото сега засега состојбата е одлична со откупот, понатаму фокус се тутунарите“, нагласи Мицкоски и додаде:
„Така што сето она што преставува проблем и наследена состојба од страна на претходната разбојничка влада предводена од СДСМ и ДУИ ќе го санираме ќе се бориме, бидејќи секој еден човек е важен“.
Тој додаде дека преку консолидирање на приходите се обезбедени се милијарда и триста милиони денари за субвенции за земјоделците, нешто што до сега, како што рече, беше мисловна именка.