fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ивана Ристовска е млада земјоделка која доби финансиска поддршка – 10.000 евра

Пчелните семејства на Ристовска ќе бидат лоцирани во чиста, еколошки незагадена средина во село Папрадиште

Педесет млади земјоделци од вкупно 111 апликанти, добија финансиска поддршка во вредност до 10.000 евра по корисник. Средствата се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, мерка 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“, објави МЗШВ.
Ивана Ристовска е млада земјоделка, со голема љубов кон пчеларството. Нејзиниот деловен план е во насока на зголемување на бројот на пчелни семејства и набавка на опрема за преработка на мед и пчелни производи. Пчелните семејства ќе бидат лоцирани во чиста, еколошки незагадена средина во село Папрадиште, Општина Чашка, Велес. Но, за да го осигура своето производство на мед, а воедно и да ги загарантира своите приходи, Ивана Ристовска ќе посее и медоносни билки.
Можноста што ја гледа за остварување профит од овој бизнис, ќе се оствари со набавката на пчелните кошници, опремата и машините за преработка на пчелните производи со цел да го зголеми своето производство и да го модернизира процесот.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close