fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Миле Крцоски млад земјоделец од Мешеишта

На последниот повик за мерка 112 - помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност аплицирал и добил грант од 10.000 евра со што набавил машина за сушење на овошје.

Миле Крцоски е млад земјоделец од Мешеишта, општина Дебарца.
Фамилијарно се занимаваат со одгледување на цреши и јаболки, а поседуваат и фарма за бројлерско производство.
На последниот повик за мерка 112 – помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност аплицирал и добил грант од 10.000 евра со што набавил машина за сушење на овошје.
Сушена цреша и сушено јаболко се само дел од производната лепеза која ќе се најде на пазарот како нов бренд со исклучителен квалитет. АФПЗРР продолжува со поддршка на младите луѓе кои сакаат да инвестираат во земјоделството.
 Од денес активен е нов јавен повик за мерка 112 .
Поддршката е во вид на грант од 10.000 евра кој е предвиден за лица до 40 години кои се регистрирани како како индивидуални земјоделци (И.З) согласно одредбите од законот за вршење на земјоделска дејност и законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Наша главна цел е да ги поддржиме младите луѓе чија основна професија и дејност е земјоделството.
Краен рок за поднесување на апликации е 29.08.2021
За повеќе информации – www.ipardpa.gov.mk
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close