вестиТоп вести

Зелени афоризми  со  Миле Ѓорѓијоски

 

Земјоделците се добри како леб. Кој ќе стигне ги прави попара.

**

Велат земјоделците работат како вол за слама. Лажат, половина од тоа не е вистина.

**

Утре за светот е суден ден. За земјоделците, ден како и секој друг.

**

Ги плаши гласот на земјоделците. Затоа не им даваат уста да отворат.

**

Пред да стане земјоделец го чекаше Годо. Денес – субвенции.

**

Велат производството на вино е вистинска уметност. Да се земе пари за продаденото грозје – наивна уметност.

**

На земја не газат – газат врз оние што ја обработуваат.

**

Парадокс: секој трут си има свој матичен ветеринар.

**

Пандемијата ги погоди само земјоделците, накупците се имуни.

**

Што ќе посееш тоа ќе жнеат – оние што ќе те насадат.

**

Ризикот е пресуден и за успехот во земјоделието. Земјоделците ризикуваат – накупците успеваат.

**

И од земјоделие може убаво да се живее. Тоа накупците најдобро го знаат.

**

Кај нас и стравот работи за мала дневница. Така е кога лозје чува.

 

Слични написи

Back to top button
Close