fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Милиони инсекти го преплавија градот! Растат до 8 сантиметри – луѓето во паника

Иако не е прв пат да има наезда на мормонски скакулци, никој не памети да бидат во толкав број.

Во американската држава Невада жителите се мачат со милиони мормонски скакулци. Наездата на овие инсекти почнала во понеделникот, на 12-ти јуни.

Мормонските скакулци можат да пораснат до 8 сантиметри, а како што пренесуваат странските медиуми, овие инсекти ги прекриле улиците, вегетацијата, ѕидовите на локалните болници и станбени објекти во градот Елк во Невада.„За да ги донесеме пациентите во болница мораме да ангажираме луѓе со дувачи за лисја и метли, а во еден момент дури имавме и трактор со рало за снег. Тој ни помогна да растераме многу скакулци од приодите на болниците“, рекол Стив Буроус, директор во регионалната болница на североисточна Невада за локалната „KSL TV“.

Многу жители не ги сакаат овие инсекти. Иако не е прв пат да има наезда на мормонски скакулци, никој не памети да бидат во толкав број. Многумина ги сметаат за грозни бидејќи им личат на пајаци, а и се е прекриено со нивниот измет. Меѓутоа, има и такви кои ги сметаат за симпатични.

Мормонските скакулци јадат трева, грмушки и посеви, но ако нема храна можат да јадат и припадници на својот вид. Живи или мртви, не им е важно.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close