Вести
Милионска набавка на МВР- полицајците ќе јадат сувомеснати производи
Министерството за внтарешни работи објави оглас за доделување на договор за јавна набавка на сувомеснати производи.
Според објавата на Бирото за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 10.000.000 денари без ДДВ.
Набавката вклучува сувомеснати производи од свинско месо и сувомеснати производи од пилешко и јунешко месо во период од една година.
Критериум за доделување на договорот е најниска цена.