fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Минимална плата да биде 31.500 денари без зголемување на придонесите

Придонесите да останат како платата да е 22.500

По барањето на Сојузот на синдикати на Македонија да се зголеми минималната плата, Стопанската комора на северозападна Македонија излезе со предлог таа да изнесува 500 евра, но придонесите да останат на нивото на сегашната минимална плата.

Овој став на Комората денеска го потврди и нејзиниот претседател, Менди Ќира, кој смета дека тоа е единствен начин да се реши минималецот на подолг период.

-Да, ние стоиме на тој став минималната плата да биде 31.500 (денари) и придонесите да останат исти и мислиме дека тоа е единствена солуција и начин да се реши минималната плата за подолги години, изјави Ќира, одговарајќи на новинарско прашање пред состанокот што Стопанската комора на северозападна Македонија попладнево го организира со претставници на Владата.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close