fbpx
ВестиМакедонија

Mинималната плата ќе изнесува 15.194 денари, вработените во трговските центри ќе имаат двојна дневница за работа в недела и слободен ден

Висината на минималната плата ќе се покачи за 1,7 проценти и од април 2021 година

Висината на минималната плата ќе се покачи за 1,7 проценти и од април 2021 година ќе изнесува 22.146 денари бруто или 15.194 денари нето, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП) по денешната седница на Економско социјалниот совет (ЕСС).

Усогласувањето на платата се врши врз основа на законски предвидените параметри: една третина од порастот на просечно исплатената плата во Република Северна Македонија, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на БДП.

-Владата и Министерството за труд и социјална политика сериозно ги зедоа предвид тврдењата на Сојузот на синдикатите на Македонија кои се однесуваа на тоа дека во пресметката на минималната плата не треба да се земе последниот параметар – една третина од реалниот пораст на БДП, со образложение дека истиот е со негативен предзнак, односно тоа не претставува пораст. За таа цел, МТСП се обрати до Државниот завод за статистика (ДЗС) да даде мислење дали негативната стапка на раст го претставува реалниот пораст на БДП, во смисла на Законот за минимална плата. Во согласност со ставот на ДЗС, дека терминот реален раст се користи кога станува збор за раст или опаѓање на БДП, односно кога стапката има позитивен или негативен знак, Владата мора да го земе предвид и третиот критериум при усогласувањето на минималната плата, наведува Министерството.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close