fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

ВИДЕО!!!Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата

Жителите на прилепско Оревоец повеќе од 2 недели протестираат против новиот ископ за градежен камен на конзорциумот на Бехтел и Енка кој се наоѓа на само 200 метри од нивното село.

Жителите на прилепско Оревоец повеќе од 2 недели протестираат против новиот ископ за градежен камен на конзорциумот на Бехтел и Енка кој се наоѓа на само 200 метри од нивното село. Преку правни застапници денеска тие до Основниот суд во Прилеп поднесле предлог за обезбедување на докази која постапка по закон е итна и судот е должен да излези на увид на лице место со вешти лица кои ќе го утврдат степенот на загрозување на животната средина, уништувањето на изворите со вода и загрозувањето на животот на жителите. Поднесена е и претставка до Уставниот суд.

„Во текот на денешниот ден ја поднесовме иницијативата за оценка на уставноста на член 10 став 4 од Законот за утврдување на јавен интерес, со кој Бехтел и Енка се избрани како партнер на државата во реализација на проектот за изградба на патишта на коридорите 8 и 10. Се надеваме дека Уставниот суд ќе излезе во пресрет и во однос на посебниот предлог за изрекување на привремена мерка со која привремено ќе го спречи извршувањето на членот 10 став 4 од овој закон до конечно одлучување по иницијативата“, изјави Жарко Стеваноски, адвокат.

Жителите велат дека трајно се уништува нивниот имот и природата. Се сомневаат дека еден од изворите за вода веќе е уништен со минирањето.

 

Слични написи

Back to top button
Close