fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Министерот Хоџа приватна компанија ја префрлил на негови роднини, се повикува Владата да преземе мерки

Антикорупциска порачува Владата да преземе соодветни мерки против министерот Хоџа

Комисијата за спречување на корупцијата побара од Владата да преземе соодветни мерки против министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа, за кршење на Кодексот на однесување. Претседателката на антикорупциска, Билјана Ивановска ја коментираше изјавата на Хоџа, дадена пред една недела, кога Антикорупциска комисија отвори постапка против него за незаконско пренесување приватна компанија на негови роднини. Хоџа изјави дека само тој одлучува за неговата приватна компанија, а не Антикорупциска комисија. Слична постапка Антикорупциска покрена и против тројца пратеници: Скендер Реџепи од Алтернатива, Абдула Салиу од Алијанса и Љупчо Пренџов од „ГРОМ“. Ако обвинителството ги потврди наодите на Комисијата за спречување на корупција, тие ќе бидат казнети со парична казна од 300 до 500 евра.https://alsat.mk/mk/antikoruptsiska-vladata-da-prezeme-soodvetni-merki-protiv-ministerot-hodha/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close