fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Министерот Николовски ќе присуствува на 60-то издание на саемот АГРА 2022 во Горна Радгона, Република Словенија

Планирано е на македонскиот штанд да се одржи коктел за дегустација на македонските вина и земјоделски производи.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе присуствува на 60-то издание на саемот АГРА 2022 кој се одржува во Горна Радгона, Република Словенија.

Саемот АГРА е еден од поголемите и позначајни меѓународни саеми за земјоделство и храна во централна Европа, на кој се претстават изложувачи од голем број држави во светот. Земја партнер на овогодишното издание на саемот е Јапонија.

Република Северна Македонија на саемот АГРА 2022, ќе има организирана презентација на национален изложбен простор кој ќе биде дизајниран и опремен со карактеристични и препознатливи елементи од нашата држава. Изложбениот простор на Република Северна Македонија ќе презентира повеќе аспекти од земјоделството, економијата и можностите за инвестирање во развој на бизниси, особено продлабочување на соработката со Словенија, но и соработката со соседните земји и земјите од регионт. Планирано е на македонскиот штанд да се одржи коктел за дегустација на македонските вина и земјоделски производи.

Во рамки на посетата министерот Николовски ќе оствари работна средба со министерката за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија, Ирена Шинко на која ќе разговараат за идните можности за продлабочување на и онака добрата соработка помеѓу нашите две држави во областа на земјоделството, шумарството и водите.

Министерот Николовски ќе присуствува и на приемот организиран од страна на министерот за земјоделство, шумарство и рибарство на Јапонија, Номура Тецуро.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close