Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Министерот Серафимовски го скина првото јаболко во Преспа на годинешниот јаболкобер
Министерот Серафимовски порача дека политиките ги насочува кон поголема предвидливост на производството, модернизација на овоштарските стопанства и подобро поврзување со домашните, регионалните и европските пазари.
Со свеченото откинување на првото јаболко во овошните насади во Ресен, денеска беше означен почетокот на бербата во рамки на манифестацијата „Преспански јаболкобер“.
На настанот присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој им посака успешна и бериќетна сезона на преспанските овоштари.