
Министерот Серафимовски на средба со лозарите во Неготино
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес во Неготино одржа средба со лозарите од регионот, посветена на актуелните состојби во лозарството и подготовките за претстојниот гроздобер.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес во Неготино одржа средба со лозарите од регионот, посветена на актуелните состојби во лозарството и подготовките за претстојниот гроздобер. Серафимовски објави -Денес во Неготино се сретнав со лозарите од регионот и ги слушнав нивните ставови и очекувања во пресрет на гроздоберот. Разговаравме отворено за состојбата во лозарството, трошоците за производство, очекуваниот род и квалитет, како и за прашањата поврзани со организацијата и текот на откупот.
Лозарите најдобро ги познаваат состојбите во лозарството и нивниот глас ќе биде дел од одлуките што непосредно ги засегаат. Ќе продолжам со непосредна комуникација и со вклучување на сите засегнати страни, за трудот и квалитетот да ја добијат својата вистинска вредност, објави министерот.




