fbpx
Вести

Со европски пари земјоделците ќе добијат нови системи за наводнување

voda

Околу 1,7 милиони евра од ИПА фондовите на Европската унија (ЕУ) ќе бидат издвоени за проектот за избор на локации за градење и за изработка на тендерски досиеја за изградба на новите еколошки прифатливи системи за наводнување на земјоделските површини во Македонија. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и Вирве Вимпари од Делегацијата на ЕУ во Скопје денеска го претставија идниот проект за македонските земјоделци. Министерот Николовски изјави дека со проектот ќе се идентификуваат шест до осум локации со големина до 300 хектари, на кои им се најпотребни нови системи за наводнување.

По лоцирањето на местата кои би биле најпогодени од евентуални суши или други климатски промени во иднина, со европските средства ќе биде изготвена и проектната документација за планираните инвестиции во овие инфраструктурни зафати. Министерот Николовски истакна дека крајната цел на Националната програма за земјоделство и рурален развој е во наредните 15 – 20 години да се зголеми потенцијалот за наводнување на 250.000 хектари земјиште во земјава. Ваквиот амбициозен зафат вклучува реконструкција и изградба на нови системи за наводнување, вклучувајќи и мали системи за наводнување.


 

буилд.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close