Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Понижувачки откупни цени на пиперките феферони – остра реакција на НЗМ

Понижувачка цена: Откупната цена од само 28 денари по килограм е навреда за секојдневниот макотрпен труд на долгогодишните кооперанти

Реакција на Националната земјоделска Мрежа по повод отлкупот на пиперките феферони

Заштита на трудот на земјоделците!

Националната земјоделска мрежа упатува остра реакција по повод крајно ниските и понижувачки откупни цени на земјоделските производи, со посебен акцент на годинешниот откуп на фефероните во Струмичкиот регион.

Клучни проблеми со кои се соочуваат земјоделците

– Исклучително тежок процес

– Одгледувањето и бербата на феферони бараат огромна физичка посветеност, трпение и исклучиво рачна работа

– Минимални количини Приносите по земјоделец се скромни, што дополнително ја отежнува економската исплатливост

– Понижувачка цена: Откупната цена од само 28 денари по килограм е навреда за секојдневниот макотрпен труд на долгогодишните кооперанти

– Отсуство на деловна етика Трговците и откупните компании покажуваат отсуство на солидарност и човечност кон оние кои со години им ја обезбедуваат суровината.

Барања и итни мерки

Под итно да се иницираат законски мерки со кои ќе се воведе ред во дивеењето на трговските компании и еднаш за секогаш ќе се врати достоинството и ќе се вреднува трудот на земјоделецот.

Став на Националната земјоделска мрежа

Националната земјоделска мрежа цврсто и непоколебливо стои зад струмичките градинари и сите земјоделци во државата. Во периодот што следува ќе се засилат активностите за заштита на економските интереси на производителите. Нема да се потклекне под никакви притисоци, уцени или закани од откупното лоби. Ќе се бараат системски решенија за трајно решавање на проблемите со откупот и формирање реални откупни цени.

Поврзани новости

Back to top button
casibom   betlike   jojobet   betcio   betcio   betcio   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   betgaranti   spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom