
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Министерот Трипуновски денеска е во Тремник – таму недостига вода за наводнување на нивите
Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски денеска е во посета на селото Тремник каде земјоделците се соочуваат со недосиг на вода за наводнување на нивите.
Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски денеска е во посета на селото Тремник каде земјоделците се соочуваат со недосиг на вода за наводнување на нивите.
-Денес сум на терен во с. Тремник, општина Неготино за да изнајдеме конкретно решение за жителите од ова населено место, кои што се соочуваат со сериозен проблем – недоволна количина на вода за наводнување на земјоделските посеви. Како министер, мојата приоритетна цел е за секое место во Македонија да има обезбедено вода за наводнување на земјоделските посеви. Ова е основно право на секој земјоделец! Земјоделците заслужуваат поддршка и ние сме тука да им ја обезбедиме!, изјави Трипуновски.