fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со министерот Јоковиќ

Денеска во Црна Гора министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со Владимир Јоковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Протокол за научна, техничка и економска соработка .

Денеска во Црна Гора министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со Владимир Јоковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Протокол за научна, техничка и економска соработка во областа на земјоделство помеѓу министерствата.

Согласно потпишаниот Протокол двете земји во областа на земјоделството (градинарството, сточарството, овоштарство, лозарство и заштита на растенија), руралниот развој, ветеринарство, безбедноста на храна, прехрамбената индустрија, водостопанството и шумарството ќе овозможат:

– Размена на научни и технички информации и документација;

– Размена на резултати од истражувањата публикувани и верификувани од страна на овластените институции, како и воспоставување дирекни заеднички активности на споменатите институции;

– Размена на генетски и биолошки материјал од областа на растителното производство и сточарство;

– Размена на искуства во земјоделската политика, надворешно – трговската размена, специфични мерки на поттикнување и заштита на производството, земјоделството и извозот на земјоделски производи;

– Поддршка и заеднички ангажман во креирањето, пронаоѓањето на средства за финансирање и реализација на регионални проекти;

– Развој на организации на производители и здруженија на земјоделците;

– Развој на советодавните служби и итн.

За период од еден месец по потпишувањето на Протоколот, ќе се формира заедничка Работна група, со задача континуирано да ја следи и поттикнува реализацијата на соработката.

На првата седница членовите од Работната група ќе одлучат за планот на активности во врска со договорените области на соработка.

Работната група ќе одржува редовни седници најмалку два пати годишно наизменично во двете земји.

Соработката помеѓу двете земји во областа на земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се продлабочува во наредниот период.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close