fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Заев: Со нови мерки ќе бидат опфатени сите економски оператори кои ќе бидат затворени овие две недели

-Во моментов, приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните.

Постоиме како држава за да помогнеме и да бидеме од помош и затоа сите економски оператори кои овие две недели ќе бидат затворени заради третиот бран на коронакризата ќе бидат опфатени со нови мерки, порача денеска премиерот Зоран Заев.

-Во моментов, приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните. За сите настанати штети во економијата како и досега државата ќе излезе во пресрет.  За нас во Владата секое вбризгување на пари за помош на стопанството, на работниците, на нивната ликвидност, на потрошувачката ни враќа во Буџетот пари. Предвидено е да се покријат процент од приходите остварени во првите  три месеци годинава во форма на директна помош, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека како и во вонредната состојба, угостителските објекти кои вршат достава може да продолжат да го прават тоа и по полицискиот час со соодветни дозволи за движење.

-Дополнително во текот на денот може да продаваат храна и пијалаци од шалтер, тејк-веј или ту-гоу без послужување во самите локали. Ова секако ќе овозможи за поголемиот дел од нив да продолжат делумно да работат, посочи премиерот.

извор: МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close