Министерството за енергетика ќе ги додели ваучерите за инвертер клими за граѓаните
Вкупно 6 182 домаќинства ќе добијат ваучери.
Министерството за енергетика, ридарство и минерални суровини денеска ќе ги додели ваучерите за инвертер клими. На доделувањето во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје најавено е присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.
Оваа мерка, како што соопштуваат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, е во насока на остварување на целите на Владата за поддршка на животниот стандард на граѓаните и намалување на аерозагадувањето.
Доделувањето на ваучерите во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одвива од 9 до 17 часот, а во Битола во спортската сала „Боро Чурлески“ од 9 до 17 часот, додека за останатите градови, подигнувањето на вредносните ваучери ќе биде во центрите за вработување за што Министерството склучи меморандум за соработка со АВРМ.
За граѓаните што нема да бидат во можност да ги подигнат ваучерите на одредениот датум, обезбедена е дополнителна флексибилност – ваучерите да можат да ги подигнат до крајот на месецот, во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.