Мирчески-Ако тутунарот е незадоволен од откупот да не плаќа пари во Сојузот
Иницијативниот одбор ќе бара нов модел како парите да се слеваат во Сојузот на тутунари и ќе формира нови здруженија
Сте го слушнале Сојузот да реагира за ситуацијата?, вака ги праша Игор Мирчески од Иницијативниот одбор медиумите од Прилеп.
Според него време е да да се формираат нови здруженија на тутунарите.
-Иницијативниот одбор оваа недала ќе почне со процесот за формирање на Земјоделски здруженија. Ние како ИО не можеме да се бориме и наредната година. Ќе заврши ова со откупот. Ние ќе одиме правно, каде што ќе бидеме поканувани ќе ги браниме правата на тутунопроизводителите. Ние ќе побараме да не се плајќаат пари на здруженијата на Сојузот, ќе најдеме модалитет, ако е задоволен кооперантот да одат тие пари на сметка на Сојузот, ако не е задоволен, да не одат тие пари. Не е суштината некој да располага со 400 илјади евра во државата а да не им помогне на тутунопроизводителите. Такви пари повеќе не треба да се слеваат, вели Мирчески.
A.Б