fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа потврдува утре субвенции за овчарите и градинарите

Утре , петок одгледувачите на овци и градинарите  ќе ги добијат  субвенциите, потврди министерот за земјоделие Арјнит Хоџа во видеообраќање на албански јазик.

3124 сточари – 633.368.600 денари основна субвенција по овца
10549 земјоделци – 233.419.188 денари субвенции за градинарски производи

-Во текот на следниот ден над 3100 сточари ќе ги имаат на своите банкарски сметки субвенциите за Основната мерка по грло овца во вредност од над 630 милиони денари.

Исто така, и градинартите, кои се на над 10 илјади, на своите сметки ќе имаат субвенции во вредност од над 230 милиони денари. Во текот на следната недела со ист интензитет, АФПЗРР ќе работи на имплементација и на другите дополнителни мерки.

Како што ветивме, со моја најголема почит кон земјоделците, ви се заблагодарувам за разбирањето и трпението во целиот овој период и ви ветувам дека за многу кратко време сите субвенции, ќе ги реализираме, Ви благодарам , вели Хоџа.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close