Мирчески-Дали Стомнароски има капацитет да преговара за повисока откупна цена на тутунот за новата реколта?
Се преговара за откупната цена на тутунот од новата реколта. Игор Мирчески со отворено писмо до Сојузот на земјоделски здруженија
Отворено писмо на Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.
Почитувани тутунопроизводители:
Сојузот на земјоделски здруженија, кој патем, нема никаков авторитет и легитимитет од вас тутунарите, но за жал со поддршка само од министерството, треба во овој период да ви ја крои судбината и да преговара со откупувачите во врска со цените по класи на тутунот .
Но, како и обично СЗЗ кој изгледа е само заинтересиран за средствата кои ќе ги добие од тутунарите, молчи во овој период кога треба да биде најгласен и премолчи кога требаше да излезе со јасен став во врска со собирањето на податоците од страна на откупните компании пред да бидат дефинирани цените по класи, со што се направи непоправлива штета при формирањето на цените. Бидејќи, кога веќе откупувачите ги запишаа парцелите од тутунопроизводителите можат да излезат со која сакаат цена на класи.
Дали господинот Менде Стомнароски има капацитет и знање во вакви услови да преговара цени кои ќе овозможат повисока откупна просечна цена, или и оваа година ќе бидеме жртва на откупните компании, сепак ќе покаже времето. Па затоа Стомнаровски додека се уште има време реагирајте и барем еднаш направете добра работа за тутунарите заради средствата што ги собирате од нив.