fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мирчески ги повикува тутунарите и сите други земјоделци на протест со оризарите

Протестот е закажан за во вторник со почеток во 10 часот

 

Координаторот на новоформираните земјоделски здруженија Игор Мирчески ги повикува тутунарите и сите други земјоделци во вторник да дадат поддрѓка на оризарите во највениот протест на патот Штип Кочани.

-Во вторник со почеток во 10 во Облешево, оризарите најавија протест заради ниската откупна цена на оризовата арпа и немање на пласман на домашниот ориз кој стои непродаден за сметка на оризот од увоз со кој е преплавена цената држава, пишува Мирчески и повикува да се поддржат оризарите.

 

-Почитувани тутунари и сите останати земјоделци од целата држава. Во вторник со почеток во 10 часот во Облешево, оризопроизводителите најавија протест заради ниската откупна цена на оризовата арпа и немање пласман на домашниот ориз кој стои непродаден за сметка на оризот од увоз со кој е преплавена нашата држава, со блокада на патот Кочани-Штип. Бидејќи е празник и неработен ден за повеќето земјоделци, ве повикувам сите оние кои сте во можност да им дадеме поддршка и со лично присуство. Крајно време е да покажеме единство и сплотеност зошто токму неединството не прави слаб партнер во преговорите и со откупувачите и со министерството, порачува Мирчески.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close