fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Мирчески-Зошто се манипулира со бројките на откупениот тутун кога е празно на откупните пунктови

Министерот да седне со откупувачите и заедно да изнајдат начин како да се исплатат оние тутунари на кои им се откупи тутунот во пониски класи бидеќи тие тутунари не се само бројки туку луѓе. 

Поради која причина се манипулира со бројките на откупен тутун? Во ситуација кога министерот Николовски на 19 декември изјавува дека се откупени 17.5 милиони килограми тутун, а само по еден ден директорот на ДИЗ Јане Станкоски да изјави дека се откупени 19.4 милиони килограми тутун и тоа во ситуација во која откупните пунктови се празни, отвораат место за сомнеж и се поставуваат неколку логични прашања на кои треба да одговорат и министерот и директорот на ДЗИ.

Како прво – дали министерот има претстава колкави количини се откупени до сега?

Како второ – дали контрадикторните бројки покажуваат дека се работи за лага за откупените количини поради што ќе падне во вода тезата на владата и министерството дека со нивните „одлични“ политики има зголемување на производството на тутун?

И како трето – дали со овие контрадикторни бројки се прави место за вештачко зголемување на откупените количини за потоа некој дебело да заработи по однос на исплатени субвенции? Се надеваме дека повиканите ќе одговорат на овие прашања бидејќи вистината е како шило, секогаш излегува на виделина. А за крај доколку има време министерот  да седне со откупувачите и заедно да изнајдат начин како да се исплатат оние тутунари на кои им се откупи тутунот во пониски класи бидеќи тие тутунари не се само бројки туку луѓе.

Игор Мирчески координатор на новоформираните тутунски здруженија

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close