вестиВино

Во Македонија има над 80 регистрирани винарии

Во Македонија има над 80 регистрирани винарии. Голем дел од нив веќе работат на создавање нови вински брендови со кои ќе ги освојуваат меѓународните пазари. Договараат заеднички настапи и промоции, а очекуваат и раст на извозот.

vo makedonija ima nad 80 registrirani vinarii

 

И самите признаваат дека за нив поважни се странските од домашниот пазар кој е премногу мал и кој најмногу троши домашно, неиндустриско вино и ракија.

„Извозот е наш императив. Од година во година се зголемува бројот на земји во кои извезуваме.  Квалитетот што традиционално го негуваме го обезбедивме и годинава. Тој ни е основа за прилично амбициозни планови за ширење на нашето присуство во различни земји. Прво се настапува со врвните вина, а потоа како се шири понудата, се шири и на другите слоеви на пазарот“ велат во една од поголемите винарски визби.

Европската Унија засега е главната дестинација за македонското вино. Сепак, напорите на производителите се насочени кон освојување и на брзорастечките Кина, Јапонија и Русија, но и на развиените пазари во Соединетите Држави и Канада каде потрошувачите многу поголемо внимание посветуваат на квалитетот, а не на цената.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close