Мирчески-Сојузот на Стомнароски нема легитимитет да ги застапува тутунарите за оваа реколта
Новоформираните тутунски здруженија бараат јавен увид во списокот со тутунопроизводители кои се членови на здруженијата членки на Сојузот на земјоделски здруженија на Менде Стомнароски
Отворено писмо до министерот за земјоделие Арјанит Хоџа.
Господине Хоџа, врз основа на законот за слободен пристап на информации, а со целосна заштита на податоците на тутунопроизводителите врз основа на Законот за заштита на лични податоци ние новоформираните тутунски здруженија бараме јавен увид во списокот со тутунопроизводители кои се членови на здруженијата членки на Сојузот на земјоделски здруженија на Менде Стомнароски, а врз основа на кој список СЗЗ ја доби согласноста од МЗШВ за застапување на тутунарите во оваа реколта 2021-2022.
Јавниот увид го бараме бидејќи се сомневаме во злоупотреба на личните податоци на производителите и од тука мислиме дека СЗЗ го нема легитимитетот за претставување на тутунарите во оваа реколта. Списокот со производители запазувајќи го Законот за заштита на личните податоци го очекуваме во писмена форма како и во електронска форма објавен на страната на МЗШВ како би можеле тутунопроизводителите да си ги проверат податоците и доколку има злоупотреба на истите од страна на некое здружение да можат да поднесат кривична пријава до здружението.
Со почит Игор Мирчески координатор на новоформираните тутунски здруженија.