Мирчески-Пари има за избори и кампањи нема за помош за тутунарите
Тутунарите нема да протестираат по улиците, туку незадоволството ќе го решат со пенкало на денот на изборите, вели Мирчески.
Власта има пари за кампањи ама не и за нас, реагираат тутунарите. Се заканија дека овој пат нема да протестираат по улиците, туку незадоволството ќе го решат со пенкало на денот на изборите. Игор Мирчески координатор на новоформираните земјоделски здруженија вели дека тутунарите останаа со куси ракави пари, бидејќи пари има за избори и кампања, а нема да тутунарите да им го поделат петтиот ковид пакет.
-Земјоделците се чувствуваат измамени. Сите овие пари кои се трошат за време на изборите, за време на кампањите, да се дадат на земјоделците би биле многу покорисни отколку да се трошат на едни вакви непродуктивни работи. Ако веќе има пари за такви работи, зошто не би имало пари за земјоделците кои се во категорија на најизмачени и оние кои што ја хранат државата да се заборавени и да се дното на општеството, вели координаторот на новоформираните тутунски здруженија, Игор Мирчески.