вестиВиноТоп вести

Денес се слави заштитникот на лозарите Св. Трифун

(Oвој напис е објавен на: февруари 14, 2020)

Денес се слави заштитникот на лозарите Св. Трифун

Православните Христијани денес го слават празникот Св. Трифун  заштитникот  на лозарите и градинарите. Се празнува на 14 февруари по новиот календар или на 1 сечко според стариот календар. Празникот Св. Трифун верниците го сметаат за последен зимски празник и почеток на пролетните празници.

Се верува дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети,несреќи и болести, поради што луѓето го слават и изведуваат обичаи поврзани со овој  празник. Според народните верувања и  обичаи на овој ден рано наутро се одело в црква  каде попот пеел молитва и светел вода со која верниците ги прскале лозјата по што го изведувале обредното закројување.

Во поново време свештени лица одат на лозови насади каде што пеат молитва и го извршуваат  симболичното закројување.

Се верува дека ако денес врне дожд или снег годината ќе биде плодна, а ако е ведро не очекува сушна и јалова година. Ако се оди според верувањата оваа година  би требало  да се очекува добар род. 

П.Ј.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close