fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Млади ресенчани учат како да прават компост

Иницијативата е на Здружението за заштита на животната средина „Еко Герила- Преспа“

На иницијатива на Здружението за заштита на животната средина „Еко Герила- Преспа“ , од март започна да се спроведува една визија за вклучување на средношколската младина во активности поврзани со екологијата со нивно практично ангажирање. Активностите кои се предвидени со проектот и тековно се одвиваат, подразбираат вклученост на две категории ученици, оние кои посетуваат настава во паралелки од природните науки и оние од земјоделската насока. Соработници во оваа иницијатива се СОУ „Цар Самоил“ и Мониторинг станицата во село Стење. На овој начин учениците ќе можат одблиску да се запознаат со работата во Мониторинг станицата, да земаат проби од сливните подрачја, да прават хемиска и биолошка анализа, да научат повеќе за бистрината, за квалитетот на водата во Преспанско Езеро, но и да ја увидат важноста на чистата вода и бенефитот од неа по „здравјето“ на природата. Друг дел на активности се однесува на правење на компост и партерно и хортикултурно уредување на дворот во Мониторинг станицата и дворот на гимназијата „Цар Самоил“.

Предвидено е и активно вклучување на месното население, туристичкиот сектор, угостителите, рибарите, превозниците со чамци и занаетчиите со кои заеднички низ работилници ќе се работи на одредени иницијативи преку кои ќе се пренесуваат пораките за заштита на животната средина и за значењето на мониторинг станицата. Инаку, “Вклучување на средношколците од Преспа во практичен Еко активизам” е проект кој е спроведуван од Здружението за заштита на животната средина „Еко Герила Преспа”.

Оваа активност е поддржана преку ре-грантирање од проектот “Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина” што го реализира Институтот за комуникациски студии во партнерство со Македонското еколошко друштво, финансиран од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).  Досега се одржани 3 обуки од кои две на тема компост и една за заштитените подрачја, заштитени видови, за значењето на паркот на природата Езерани и можности за развој на типови на алтернативен туризам. Оваа иницијатива е квалитетно подобрување на знаењето на младите за значењето на здравата животна средина, подигнување на свеста кај месното население за поврзаноста на чистата околина со потребата за создавање на туристички атрактивна слика за Преспа, но бенефит е и впрегнувањето на силите на три битни фактори за заштита на животна средина: локалната власт, младите и невладиниот сектор.https://flashnews.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close