вести

Откупот на тутун се одвива според планираното

Од државните врвови информираат дека досега се откупени околу 8,5 илјади тони тутун. Постигнатата просечна цена од 187 денари за килограм е реална, а на тоа државата исплаќа уште 60 денари субвенција.

Просечната цена на тутунот годинава е за 70 денари повисока од лани и како што потврдуваат и од тутунарските здруженија, откупот се одвива без проблеми.

otkupot na tutun se odviva spored planiranoto

 

–Откупот тече релативно во најдобар ред. Сите откупни претпријатија што имаат лиценца вршат откуп, а инспекциите се на терен. Државата бурно ќе го следи процесот особено во делот на добивање реална цена за тутунот и реално вреднување на трудот на тутунопроизводителите. Засега работите одат во добар правец. Се надевам дека така ќе остане и до крај, изјави премиерот Никола Груевски.

Откупот на тутун во земјава оваа година се врши на 152 места и на 186 ваги. Тутунарите сметаат дека годинава просечната цена не смее да биде под 190 денари за килограм со оглед на квалитетот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close