fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Младите фармери Христијан и Михаил Шемкоски инвестираат во фарма со кокошки

За овој сектор предвидена нова мерка, зголемен износот од 80 на 125 денари по несилка заклана во регистриран кланичен капацитет

Во посета сум на живинарската фарма во Зрзе, кај младите фармери Христијан и Михаил Шемкоски. Радува фактот што овие двајца браќа, ја препознале можноста за напредок во својот крај, инвестирајќи во сопствена фарма со 150 кокошки кои несат по 80 јајца дневно. За поддршка во време на криза за овој сектор предвидуваме нова мерка каде го зголемуваме износот од 80 на 125 денари по несилка заклана во регистриран кланичен капацитет, како и 60 денари интервентна субвенција по несилка која се наоѓа на одгледувалиштето и е на возраст за производство на конзумни јајца.
Наидов на голема заинтересираност и поддршка од нивна страна. Инвестираме и креираме мерки за младите и за развој на живинарството, како основна дејност за производство на храна, објави министерот Љупчо Николовски.
Можно е да е слика од 1 лице и петли за борба
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close