fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Младите земјоделци во преден план

Трипуновски најави поддршка за модерно земјоделство

Министерот Трипуновски вели дека земјоделството е повеќе од работа, тоа е начин на живот. Тој вели дека младите се тие коишто треба да ги пресликуваат европските, светските трендови на модерно земјоделско производство.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски гостуваше на актуелниот поткаст „ВМРО – ДПМНЕ Зборува“.

Трипуновски се осврна на проектот кој се однесува за млади земјоделци. Во неговиот вовед истакна дека веќе се работи младите да ја добијат целосната поддршка во целиот процес за долгорочен развој. Исто така посочи дека земјоделството е пат на истрајност и сè што треба е земјоделците да продолжат напред, чекор по чекор, градејќи земјоделски успех по успех.

– Младите ќе бидат ставени во преден план во наредните политики. Ќе работиме младите да влезат во земјоделскиот сектор. Ние го спремаме теренот, затоа што многу е лесно да му дадеме поддршка на некој млад земјоделец, меѓутоа ако тоа е на краток рок, доколку има проблем со откупна цена и нема рентабилност никој не би влегол во процесот – дециден беше Трипуновски.

– Во наредната година ќе дадеме приоритет на млади луѓе кои ќе се ангажираат во секторот. Но влегувањето на младите луѓе во секторот ќе биде нешто што е сериозно и стабилно. Младите се тие коишто треба да ги пресликуваат европските, светските трендови на модерно земјоделско производство. Младите многу полесно можат тоа да го имплементираат. Преку вакви програми ќе може да влезат во земјоделскиот процес – заклучи Трипуновски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close