fbpx
ВестиТоп вести

Млекара „Здравје“ Радово: Нема простор за грижи, ќе ги помагаме фармерите

 

Доцнење  со исплатата на откупено сурово млеко е проблемот за кој се пожалија во редaкцијата на Зелена берза фармери од пелагониско , кооперанти во млекара „Здравје“ Радово.

„До пред три месеци немаше никаков проблем. Во договорите ни стои исплатата да се врши до 10 во месецот.  Исплатата се вршеше  од 3-5 секој месец. Врз основа на оваа динамика  зедовме кредити со термин на отплата на ратата што одговараше со терминот на исплата на откупеното сурово млеко. Проблемот е што исплатата на млеко сега е пролонгирана, а нам ни се пресметуваат камати, вели еден фармер кој сакаше да останe анонимен. Се плашиме да не не’ најди „Свед милк“, додаде тој.

Како што ни изјави нашиот соговорник, фармерите биле викнати на состанок од страна на надлежни од млекарата „Здравје“ Радово и им било кажано дека пари нема, имале многу залихи  и дека ќе се доцни со исплатата. Причина било вложувањето во изградба на фабрика  кај некогашниот ладилник во Битола.

„Ако не им треба млеко нека ни кажат, а кога веќе вложуваат со наши пари нека не пишат акционери“, се пожали фармерот . Велат дека исплатата ќе биде вака до ноември , ние не можеме да издржиме толку камати“ додава тој.

 

Нема простор за грижи, ќе ги помагаме фармерите

„Овој месец ќе излеземе на терен и ќе им понудиме аванси на фармерите. Нема простор за грижа. На фармерите уште му е врежан проблемот со кризата  на Свед милк. Се прави прераспределба на финасиите и фармерите се делат по региони. Вистина е дека овој месец се задоцни со исплатата на откупеното млеко.Конкуренцијата ја користи приликата и пушта информации дека на повидок е нов Свед милк и дека нема да им биде исплатено млекото“, вели Сашо Василевски технички директор на „Здравје“ Радово.

„Влеговме во голема инвестиција, во изградба на најголема сирењара во државата. Последниве години вложивме 5 милиони евра за три години и вработивме  100 работници. Фирмата работи солидно. Се произведуваат 200 т сирење  и 80 -90 тони кашкавал месечно. Почнавме договори со Русија  каде се предвидува извоз во милионски суми“ додава Василевски.

Фармерите се закануваат со радикални мерки

„Ако не се реши проблемот со исплатата на откупеното сурово млеко ќе преземеме радикални мерки , нема да го даваме млекото и ќе бараме спас со правосудните органи. Ќе организираме блокади и демнстрации“ вели за зелена берза анонимен сточар.

Василевски пак вели дека се шири паника меѓу фармерите и уверува дека нема простор за грижа. Додава дека во државатаима недостиг на млеко и дека млекто е повеќе од потребно. Доколку некој од фармерите сака, може да го раскине договорот со Здравје Радово и млекото да го дава во друга фирма.  Посочува дека Млекара Здравје Радово им го откупува млекотот на своите кооперанти над 18 ден по литар, за разлика од други  млекари кои им го откупуваат по 16 денари за литар.

Негув аме традиција што сакаме да продолжи

Млекара „Здравје“ Радово има богата традиција на производство на млеко и млечни производи  карактеристична  по својот вкус. Единствена и карактеристична традиционална формула на Мешаното сирење и кашкавал, први понудени на македонскиот пазар од страна на Млекара Здравје, комбинација на најсовремена технологија и внимателно зачувување на традиционалните принципи на производство на млечни производи, искусен и стручен тим на вработени кои посветено работат за производство на производи со богат и уникатен вкус, експертски тим на технолози кои го надгледуваат и постојано го унапредуваат целокупниот процес на производство во склад со најсовремените светски стандарди,  гарантирана безбедност на производите и строга контрола во најсовремени лабораториски услови преку користење на врвна опрема, постојано инвестирање во нова опрема со цел перманентно производство на безбедни и квалитетни производи со богат вкус, активнa вклученост на експертскиот тим на технолози во истражување и развој на нови производи, добиени признанија од светски познати институции за оценка на квалитет и вкус на производите, порачуваат на своите кооперанти и потрошувачи од млекара „Здравје“ Радово.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close