fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Коцев:„Сојузот на земјоделци не е легитимен претставник на македонските тутунопроизводители“

Денеска со своја рекација се огласија од Сојузот на здруженија на тутнопроизводители на РМ, од каде тврдат дека Сојузот на земјоделски здруженија не бил легитимен претставник на македонските тутунари.

По масовниот бунт на македонските тутунопроизводители, условен од годинашната катастрофална откупна линија, а пред утрешната средба на претставниците на незадоволните тутунари и на Сојузот на земјоделски здуженија со откупувачите, македонските тутунари се поделија. Денеска со своја рекација се огласија од Сојузот на здруженија на тутнопроизводители на РМ, од каде тврдат дека Сојузот на земјоделски здруженија не бил легитимен претставник на македонските тутунари. Се сомневаат дека некој се обидува да ги изманипулира незадоволните тутунари, бидејќи Сојузот на тутунски здруженија, веќе три години води институционална борба за да докаже дека тие го имаат легитимитетот.

„За да го заштитат криминалот, направија измена на Законот во мај месец, 2019 година и го променија Законот и го избришаа Сојузот на земјоделци како највисока асоцијација и воведоа член 30 став 9, секоја година да се конкурира за највисоката асоцијација. Но, оваа година ние конкуриравме, единствени, и пак сме одбиени. А за тоа време, во 2019 година формираа нов Сојуз на земјоделци кој нема врска со тутнопроизводството. Неговата регистрација е дејност 10-9, а нашата е 10-4 и е струково тутунско здружение. Ние имаме жалба и бараме повторно разгледување на сите документи, бидејќи позади нас стојат над 10.000 тутнопроизводители и тие не се свесни кој ги претставува сега, туку овие ги лажат…“ – ни изјави за Алфа, Ванчо Коцев, претседател на Сојузот на здруженија на тутнопроизводители на РМ.

https://alfa.mk/koczevsojuzot-na-zemjodelczi-ne-e-legitimen-pretstavnik-na-makedonskite-tutunoproizvoditeli-toj-e-samo-prodolzhena-raka-na-vlasta/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close