fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Во време на криза Србите инвестираат во дукати, но дали Македонците го прават истото?

Дел од населението последните неколку години купува златни монети чија цена варира зависно од грамажата и достигнува и до 2.000 евра

Српските медиуми деновиве пишуваа дека нивните граѓани во услови на криза, вложуваат во дукати кои во иднина би ги продале.

Во златарниците во Скопје велат дека има одреден интерес, дека дел од населението последните неколку години купува златни монети чија цена варира зависно од грамажата и достигнува и до 2.000 евра.

„Се јавуваат, прашуваат. Има монети од 1 грам до 36 грама. Последните 3-4-5 години ги бараат“, потврдуваат од скопска златарница.

Но, тоа не е случај во внатрешноста. Златарите во помалите градови објаснуваат дека  најголем дел од населението нема куповна моќ за да си дозволи да инвестира во златни монети, но и нема соодветна едукација и не се впушта во ризик.

„Луѓето обично купуваат злато за свадби, веридби, родендени и други прослави, значи за лични потреби, но не и за да инвестираат. Едноставно во помалите градови стандардот е низок. Луѓето немаат куповна моќ, немаат доволно пари за вложување, но и немаме некоја култура на инвестирање во злато. Златото не губи, може да се смета како една „сигурна валута“ ако можеме така да ја наречеме. Во помалите градови ако има поединечни случаи некој да купил една плочка или една монета, тоа е реткост. Не дошол муштерија да купи 10, 20, 30 златни монети. Има различни монети, австриски, француски, со различна големина. За Скопје е поразлично, таму се вртат големи пари, таму има побогато население и состојбата е различна“, велат златари од внатрешноста.

https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close