fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Млекопроизводителите очекуваат голема млечна криза

Производителите на млеко зачудени, не знаат што точно Владата планира да прави за решавање на млечната криза.

Никој ниту не побарал, ниту не консултирал. Производителите на млеко зачудени, не знаат што точно Владата планира да прави за решавање на млечната криза. Битиќи  најави дека на владина седница ќе се носат одлуки поради недостатокот на млеко, но за што станува збор не прецизираше.

Произвдоителите пак велат дека не се информирани ниту за тоа какви одлуки ќе се носат ниту пак кој ќе биде опфатен со тие одлуки објави Телма https://telma.com.mk/

– НИЕ ДОСЕГА ВООПШТО  НЕ СМЕ КОНСУЛТРИРАНИ ДАЛИ СО ВЛАДА, ДАЛИ СО ЗЕМЈОДЕЛСТВО,  ДАЛИ ЌЕ ИМА МЛЕЧНА КРИЗА, ДАЛИ ИМА ВИШОЦИ ИЛИ ИМА НЕДОСТАТОЦИ, КАКО САКААТ ВЛАДАТА И ЗМЕЈОДЕЛИЕ ТАКА СИ ТЕРА. МИСЛАМ ДЕКА МЕРКАТА ЌЕ БИДЕ ВО НАСОКА НА ПРЕРАБОТУВАЧИТЕ БИДЕЈЌИ НЕМА МЛЕКО, ВЕЛИ ТОНИ ПЕТКОВСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА МЛЕКО.

И производителите на млеко и млечни производи за Телма брифираат дека и тие немаат информација што ќе се случува утре, ниту пак дали и какви мерки би се донеле.

Битиќи вчера рече дека на седница на влада во вторник, ќе се одлучува за недостатокот на млекото, а производителите ќе можат да интеревираат.

– ВО МЛЕЧНАТА ИНДУСТРИЈА ВО ВТОРНИК ЌЕ БИДЕ ДОНЕСЕНА ЕДНА ОД ОДЛУКИТЕ, ТОА Е ДЕКА НА ПАЗАРОТ ИМА НЕДОСТАТОК НА МЛЕКО, СО ШТО ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ЌЕ МОЖАТ СООДВЕТНО ДА ИНТЕРВЕНИРААТ И ОД НИВНА СТРАНА ДА БИДЕ ПОСТИГНАТ ЕФЕКТОТ, ИЗЈАВИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА ФАТМИР БИТИЌИ.

Производителите на млеко, предупредуваат дека млечната криза овој пат многу тешко ќе биде надмината. Ќе бидеме зависни и од други земји, од каде ќе се прави увоз на млеко со послаб квалитет.

– КАКО ШТО МОЛЕВМЕ ЗА ЛЕКОВИ И ЗА ВАКЦИНИ, ТАКА ЌЕ МОЛИМЕ ЗА МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ, ДОДАВА ПЕТКОВСКИ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close