fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Блага зима: Меч со две острици за земјоделието

За житата, добро е што луѓето стигнаа со доцната сеидба, но за градинарството и полјоделството ќе има штети.

И оваа година имаме блага зима. Граѓаните се во исчекување на снежни врнежи кои би создале покривка и на пониските места во државата.

Оваа блага зима, за аграрот има и позитивни и негативни ефекти. Според агрономот, Симка Трајкова, добро е тоа што земјоделците по сушната есен, имаа време за доцна сеидба, но од друга страна, топлото време за овој период од годината ќе влијае за појавата на штетници.

„Влијанието на благата зима е дискутабилно. За житата, добро е што луѓето стигнаа со доцната сеидба, но за градинарството и полјоделството ќе има штети.  Може подоцна да се појават болести и штетници. Пример, лани имаше болести кои ја напаѓаа и пченката во струмичко, што не било случај претходно. На температури од -5 до -15 степени, штетниците се намалуваат“, вели Трајкова за Фактор.

Таа објаснува дека пиперките, доматите, но и лозјата можат да се соочат со болести и штетници поради климатските промени. И лани исто така имавме топла зима.

Целиот текст на https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close