Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Од недела до средината на новата седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и значително потопло.
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (наместа над 70 km/h). Од недела до средината на новата седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и значително потопло.





