Мајсторијата на Васил од Скопје за правење домашна ракија
Повеќе за деталите за производството на ракија, погледнете го видеото.
Доцната есен е период од годината кога се прави ракијата, традиционалниот и најпознат македонски алкохолен пијалок.
Октомври и ноември е перидот кога се ложат казаните за ракија, а тоа е најраспространето во Тиквешијата.
Но ракија, иако се поретко, сепак се произведува и во Скопје.
Еден од оние кои секоја година произведува домашна ракија е и Васил од Скопје.
За него, како што тој кажува производството на ракија е традиција кој тој со години ја почитува.
Оваа година Васил произвел 21 литар ракија од грозје сорта хамбур и 27 литра од грозјето вранец. Иако претходно имал свое лозје, во последните години грозјето го купувал, а ракијата си ја користи за лична употреба за него и неговите блиски.
Повеќе за деталите за производството на ракија, погледнете го видеото на 24 инфо.