fbpx
Вести

Околу три милиони килограми праски од Росоман извезени во Русија

Во домашните преработувачки капацитети пак, завршиле околу милион килограми праски.

Околу три милиони килограми праски од Росоманско сезонава се извезени во Русија, а се очекува во наредниот период на рускиот пазар да заминат уште до два милиона.

Игор Милошевиќ од Здружението „Росоманска долина” денеска информираше дека и во земјава биле продадени околу три милиони килограми од ова овошје. Во домашните преработувачки капацитети пак, завршиле околу милион килограми праски. Во моментов се бере сортата „крес хевен”, а цената е од 18 до 20 денари за килограм.

– Намалена е побарувачката за Косово. Знаете, претходно доаѓаа со камиони, сега претежно доаѓаат трговци од Скопје по праски во регионов, што е најголем производител на ова овошје – соопшти Милошевиќ.

Тој додаде дека во Росоманско има околу 700 хектари насади со праскови дрвца и неколку пунктови кои вршат откуп на праски за Русија.


 

плусинфо

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close