fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Муамер Скријељ од Лажaни вели реална цена за тутунарите ќе биде 420 денари од килограм

Уште оваа година ако не платат како што треба ќе бегам од тутунопроизводството и нема да го садам.

Муамер Скријељ земјоделец од Лажaни вели дека реална цена за тутунарите ќе биде 420 денари од килограм тутун плу 100 денари премија. Тој годинава има над 1500 килограми тутун за откуп.  Сади тутун на површина од 15 до 20 декари од тип Прилеп.

-Реално според трошоците тутунот нема цена, но сметам дека 600 денари з акилогран нема да ни дадат, нема шанса, ама 420 е добра цена плус премија од 100 денари, да се надаеваме дека оваа власт ќе биде подобра од претходната власт. Јас тутунот го предавам во „Секе“ и досега не сум имал проблем, вели Муамер.

Нашиот тутунар вели дека уште оваа година ако не платат како што треба ќе бегам од тутунопроизводството и нема да го садам. Штом нема загарантирана цена е многу тешко. Од тутунот живееме цела фамилија, ама од година на година е се потешко. Затоа мислам дека ќе се покачи цената на 420 денари, вели Муамер.

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close